Дојави за бомби во неколку банки во областа на кантонот Сараево

од Radmila Tasevska

Полицијата на кантонот Сараево утринава била известена дека повеќе деловни единици на одредени банки на подрачјето на тој кантон по електронска пошта добиле пријава за наводно поставена бомба, па во врска со тоа, како што соопштија, преземени се мерки и дејствија за проверка на добиените информации, евакуација и контрадиверзантска проверка на деловни простории.

Се додава дека за горенаведеното е известен и дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево.

Повеќе информации ќе бидат познати по завршување на тековните активности“, соопштија од МВР на КС.

Слични содржини