До 13 часот на референдумот во Босилово гласале 7,78 проценти

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Без проблеми се одвива референдумското изјаснување на жителите на Општина Босилово во врска со работата на рудникот Иловица и други на територијата на општината, информираат од Општинската изборна комисија.

Излезноста до 13 часот изнесувала 7,78 проценти, велат од ОИК.
Во 7 часот утрово навремено биле отворени гласачките кутии во 19 гласачки места во Општина Босилово, каде што граѓаните на референдумот имаат можност да се изјаснат за две прашања: Дали се за или против работата на рудникот за бакар и злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На единствениот гласачки список запишани се 12.301 полнолетно лице, а за референдумот, за биде успешен треба да гласаат 6.151 граѓанин или 50 отсто + 1.

Во струмичкиот регион, референдумски за работата на рудници, на 17 септември, ќе се изјаснуваат и жителите на Општина Ново Село.