Според Центарот за управување со кризи (ЦУК) на територијата на земјава до 18 часот биле регистрирани 17 пожари на отворен простор, од кои активни во 18 часот биле 6, локализиран 1, а изгаснати 10.
Во оваа статистика не е вклучен пожарот кај Психијатриска болница Бардовци.
Два од пожарите се на две депонии: Проблематичната кај Шуто Оризари и Визбегово, која често пати се опожарува, како и депонијата кај Делчево.
⸻
🔥 АКТИВНИ (6):
1️⃣ Опш. Прилеп: с. Бешиште (приземен во квалитетна мешана шума)
2️⃣ Опш. Македонски Брод: с. Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки)
3️⃣ Опш. Чашка: под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (шумски пожар, без активен пламен, само чад – карпест терен)
4️⃣ Опш. Валандово: с. Грчиште (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
5️⃣ Опш. Гази Баба: с. Инџиково (ниска вегетација и стрниште)
6️⃣ Опш. Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Чучер (ниска вегетација и мешана шума)
⸻
🟡 ЛОКАЛИЗИРАНИ (1):
1️⃣ Опш. Делчево: градска депонија Делчево (депонија)
⸻
✅ ИЗГАСНАТИ (10):
1️⃣ Опш. Карбинци: помеѓу с. Таринци и с. Радање (ниска вегетација и стрниште)
2️⃣ Опш. Пробиштип: с. Долни Стубол (ниска вегетација)
3️⃣ Опш. Гостивар: културен дом Гостивар (ниска вегетација)
4️⃣ Опш. Тетово: с. Мала Речица (ниска вегетација)
5️⃣ Опш. Прилеп: новите гробишта Прилеп (ниска вегетација)
6️⃣ Опш. Велес: с. Оризари (ниска вегетација, стрниште и дабова шума)
7️⃣ Опш. Куманово 1: ул. Никола Тесла (ниска вегетација)
8️⃣ Опш. Куманово 2: место викано Ново Куманово (ниска вегетација)
9️⃣ Опш. Шуто Оризари: нас. Визбегово (депонија)
🔟 Опш. Кисела Вода: ул. Христо Татарчев (ниска вегетација)