ДО 200 ЕВРА ЗА СИТЕ: Германски град им дава бонус на граѓаните – Речиси секој има право на исплата

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Берлинскиот сенат сака да го намали електронскиот отпад – и најави субвенции за поправка на приватни апарати за домаќинство. Секој што во иднина ќе ги поправи своите расипани електрични апарати во Берлин треба да добие бонус, пишуваат германските медиуми.

Берлинчани еднаш годишно ќе добиваат субвенција до 200 евра доколку им се расипе мобилниот телефон, фрижидерот и сличните апарати за домаќинство.

Владата сака да го ограничи создавањето електронски отпад во главниот град.

Идејата: На овој начин граѓаните на Берлин имаат поголема веројатност да ги поправат своите електрични уреди наместо да купат нов уред. Портпаролката на Сенатот за заштита на животната средина ги потврди медиумските натписи за темата.

Бонус за поправки на електрични апарати

Сојузната држава сака да покрие до половина од трошоците за поправки и резервни делови, а моментално реалната сума е меѓу 75 и 200 евра.

Покрај горната граница, треба да има и долна финансиска граница под која Сенатот нема да доделува никакви субвенции.

Точните бројки се уште не се утврдени. Исто така, сè уште не е јасно кои уреди ќе бидат субвенционирани од оваа посебна програма. Во буџетот за проектот во 2024 и 2025 година се предвидени 1,25 милиони евра.

Програмата ќе ја администрира надворешен давател на услуги за сојузната земја.

По моделот на Саксонија

Портпаролката на Сенатот рече дека со овој партнер се уште се преговара за деталите. „Програмата веројатно ќе започне на почетокот на третиот квартал од годината“, вели таа.

Ваква програма за приватни електрични уреди веќе постои во Саксонија. „Програмата за финансирање служи за одржливост и зачувување на ресурсите преку создавање стимулации за продолжување на животниот век на уредите“, се вели во него.

До почетокот на април одобрени се 6.751 барање, за кои сојузната држава досега платила 714.470 евра.

Слични содржини