ДО 2050-ТА ЌЕ ИМА МЕЃУ 8 И 10 МИЛИОНИ ЛУЃЕ НАД 80 ГОДИНИ: Во Германија има се повеќе стари лица

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Постарата популација во Германија рапидно се зголемува, се наведува во владиниот извештај, пренесува AА.

До 2050 година, Германија би можела да има меѓу осум и десет милиони жители на возраст над 80 години.

Бројот на луѓе над 80 години би можел да се зголеми за два до четири милиони за 25 години, од сегашните шест милиони.

Деветтиот извештај за стареењето објавен од владата во четвртокот го разгледува прашањето за финансиската сигурност, вработувањето, грижата, здравството, домувањето, политичкото учество и социјалните односи меѓу постарото население.

Извештајот го презентираа Лиза Паус, сојузна министерка за семејство, постари граѓани, жени и млади и проф. Мартина Брант во Берлин.

Бројот на луѓе на кои им е потребна грижа, без разлика на возраста, ќе се зголеми од 5,7 милиони во 2023 година на 7,6 милиони до 2055 година, се вели во извештајот.

Паус изјави дека целта е да се подобри социјалната хармонија преку развивање стратегија против осаменоста. Таа додаде дека е важно да се обезбеди удобен и безбеден живот за постарата популација.

Слични содржини