До 31 декември 2023 треба да завршат работите на автопатот Кичево – Охрид

од Vladimir Zorba
274 прегледи

На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата врз основа на која Владата го прифати текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево – Охрид помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.

Според него, се утврдува рокот за завршување на работите на оваа делница на 31.12.2023 година, без никакви дополнителни финансиски импликации по Буџетот на Република Северна Македонија.