До кога инвестициите во рударството ќе бидат жртви на политиката?

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Рударскиот сектор во Македонија продолжува да стагнира. Повеќе најавени инвестиции во оваа област остануваат нереализирани. Дополнително, ова прашање под притисок на дел од јавноста сѐ почесто станува тема за дневно-политички препукувања, особено во предизборен период. Инвестициите не се остваруваат претежно поради неиздадени концесии, а други поради одамна запрениот процес на добивање концесии за истражување и за експлоатација на минерални суровини.

Од Македонската рударска асоцијација претходно информираа дека учеството на рударската индустрија во вкупниот БДП на земјата се движи околу 2 проценти, што е релативно скромно во споредба со високо развиените индустриски земји како Австралија, Германија, САД и Полска, каде придонесот на рударството во вкупната економија е далеку поголемо.

Една од поголемите најави од изминативе години беше вложувањето во изградба на рудникот за бакар „Казандол“ во Валандово. Првичната инвестиција на англиско-украинската компанија „Сардич“ беше проценета на 25 милиони евра и беа предвидени 250 вработувања. Сепак, Владата реши да го раскине договорот. Понатаму, канадската компанија „Резервоар минералс“ исто така се соочи со голем број предизвици, а по одржаниот референдум во Гевгелија во 2017 година, воопшто и не беше продолжена концесијата за рудник за злато во Кожув. Последно, правната несигурност се одрази и на инвестицијата во рудник за бакар во Иловица, на канадската групација „Трафигура“, преку домашната фирма „Еуромакс ресоурсес“. Во овој случај, остануваат нереализирани нови 360 милиони евра првична инвестиција и околу две илјади директни и индиректни вработувања.

Сепак, според дел од меѓународните истражувачки центри и медиуми, за ваквата состојба во позадина се кријат политичко-економски интереси, а не цели за заштита на животната средина. И тоа не било чии, туку директно на Москва. Рускиот медиум „Инсајдер“ го поврзува делувањето на дел од активистите кои се против отворањето на рудниците со блокадата за западните инвестиции.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини