Малку до умерено облачно, значителна облачност има во Гевгелија и Дојран. Во повисоките места дува. слаб ветер од променлив правец.

karas-23015

ВРЕМЕТО ДЕНЕС:Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен и југоисточен правец. .Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

 

Во Скопје: Сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Дневната температурата ќе достигне до 14 степени.

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот: 73 Маврови Анови, 20 Лазарополе, 16 Ѓуриште, 14 Крушево, 12 Пожаране, 8 Пожар (Конче).

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа  (во л/м2): Без врнежи.

  МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ-3 Маврово и Берово, -2 Скопје-Петровец и Лазарополе, -1 Крушево, Битола и Куманово, 0 Кр. Паланка, Струмица и Претор, 1 Скопје-З.Рид, Прилеп, Кавадарци, Дебар, Д.Капија и Пожар, 2 Охрид, Тетово,  Штип и Виница, 3 Гевгелија, Ѓуриште и Тополчани,  4 Дојран.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Утре ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во среда во текот на денот ќе се спушти посвежа воздушна маса од североисток, која ќе услови локални слаби врнежи од дожд, проследени со умерен северен ветер и опаѓање на дневната температура. Променливо облачно со повремен локален дожд и со умерен северен ветер ќе преовладува и во четврток. Потоа во наредните два дена облачноста ќе се намали, а дневната температура повторно ќе биде во пораст.

 

Слични содржини