Милиони Турци ќе застанат пред гласачките кутии на 1 ноември, за да гласаат на избори кои би можеле да се покажат како некои од најклучните во модерната историја на земјата. Тие беа распишани откако Партијата на правдата и развојот (АКП), која доминираше во политичкиот живот на земјата во текот на 13 години, го загуби мнозинството по изборите во јуни и потоа не успеа да формира влада.
Турција во моментов е поподелена од било кога, а нејзините сили за безбедност се повторно во војна со курдските бунтовници и се борат против џихадостичката закана на групата “Исламска држава”. Ова се некои од главните играчи, кои треба да се следат околу престојните избори.
Реџеп Ердоган – почитуван и исмеван султан прво како премиер, а сега и како претседател, харизматичниот, но нетактичен Ердоган е доминантна фигура во турската политика повеќе од една деценија. Тој, сепак станува поларизирана фигура на јавното мислење . За неговите поддржувачи тој е лидер кој трансформира, стави крај на годините на политичка нестабилност и ја модернизира државата по најтешката нејзина економска состојба. Но, многумина го опишаа како автократ кој ги прекршува противниците и медиумите и води кон исламизацијата на секуларната држава. Обвинет во апсурдна екстравагантност поради својот огромен претседателски дворец, Ердоган понесе и значителни удари од аферата за корупција што ја зафати Турција во последните месеци од неговиот премиерски мандат. Неговите цели, да ги зајакне овластувањата на претседателот и да го направи од претежно церемонијална во таква со вистинска моќ по американски модел, беа потопени од изборите во јуни , но и покрај тоа тој продолжи да игра важна улога во политиката на земјата. 61-годишниот Ердоган освои како пријатели, така и непријатели, кога влезе во мировни преговори со курдските бунтовници, обидувајќи се да стави крај на конфликтот, продолжен три децении. Примирјето од 2013 година сепак беше прекинато оваа година откако бомбашки напад овој јули предизвика бран насилства. На Ахмет Давутоглу – верниот заменик на Ердоган може и да му се наложи да се бори за својата работа, ако како што предвидуваат анкетите, АКП повторно не успее да освои апсолутно мнозинство во неделата. 56-годишниот поранешен министер за надворешни работи, кој е верен сојузник на Ердоган, го пропадна во текот на месецот политичките преговори за постигнување на коалициска влада по изборите на 7 јуни, принудувајќи ја владата да свика ново гласање – четвртото во Турција од март минатата година.
Вообичаеното добро однесување на Давутоглу противречи со неговите способности на беспомошен преговарач и стратешки теоретичар кој се стремеше кон главна улога на светската сцена како медијатор во конфликти на Блискиот Исток. Поранешниот учител е главниот архитект на надворешната политика на Турција за “нула проблеми со соседите”, но потоа Арапската пролет ја остави земјата изолирана во регионот, додека односите со САД и Европската унија стануваа сè помлаки. Опозицијата исто така ја обвинува владата на Давутоглу во соучество со “Исламска држава”, посочувајќи го за лично одговорен за тоа што е вовлеколТурција во сириската криза додека ја извршувал функцијата министер за надворешни работи.
Селјахатин Демиртас – човекот кој треба да биде поразен.
Тој си обезбеди опасен непријател во лицето на Ердоган и ППР кога ги обвнини за соработка со ИД, а пак тие го обвинија за соработка со забранетата Курдска работничка партија ПКК.
Од своја страна Демиртас и неговата партија го обвинија Ердоган за управувањето на “мафијашка држава” по нападот во Анкара од 10 октомври, кој уби 102 луѓе, од кои многумина членови на ДПН. ПКК – долготрајниот непријател на Анкара ПКК, која се смета за терористичка група од Турција и нејзините западни сојузници, води вооружена кампања од 1984 година, чија цел е поголема автономија на Курдите во југоисточниот дел на земјата.
По речиси три години на мировни преговори ПКК го уништи примирјето од 2013 година и ги продолжи нападите врз турски сили за безбедност по бомбашкиот напад од јули против прокурдските активисти во градот Суруч, крај границата со Сирија, во кој загинаа 34 лица.
ПКК ги обвинува турските власти во соработка со џихадистите на “Исламска држава”, кои од своја страна се борат со други курдски милитанти во Сирија. Армијата започна со спроведување на акции против цели на ПКК како во Турција, така и надвор од границата во планините на северен Ирак, разбивајќи ги надежите за мирен крај на бунтот, кој до сега убил повеќе од 40 000 луѓе.
Лидерот на ПКК Абдула Оџалан, кој би можел да го држи клучот за обновување на мировните преговори, е изваден од системот и се повеќе е изолиран во својот строго чуван островски затвор.
“Исламска држава” – новата закана Турција беше критикувана од своите сојузници во НАТО поради тоа што не презеде поцврста позиција против “Исламска држава”, кога таа зазеде широки територии во северен Ирак и Сирија и се бореше со курдската милиција. Анкара, која категорично се противи на режимот на сирискиот претседател Башар Асад, ги негираше тврдењата и изјави дека ја категоризираат “Исламска држава” како терористичка група уште од октомври 2013 година. Ердоган беше стиснат да преземе воени дејствија против џихадисти по нападот во Суруч, но ја искористи офанзивата, за да се насочи и против борци на ПКК во Ирак.
По бомбашките напади во Анкара, Турција го зајакне ловот на борци на “Исламска држава”, уапсени се десетици при серија полициски рации во недела пред изборите. Медиумите објавија дека безбедносните сили во земјата се загрижени дека клетка на “Исламска држава” подготвува голем напад како киднапирање на авион или брод