До Вишиот суд во Ниш се поднесени 27 жалби на опозицијата, досега се усвоени 13

од Илинка Илиоска
338 прегледи

До Вишиот суд во Ниш се поднесени вкупно 27 жалби на решенијата на Градската изборна комисија (ГИК), а до денеска до 15 часот се решени вкупно 13 предмети, соопштија за агенцијата Бета во Вишиот суд во Ниш. .
„Ниту еден предмет не е решен како спор со целосна надлежност, што значи дека во сите случаи во кои се донесени одлуки се усвоени жалби и поништени одлуки на Градската изборна комисија“, изјави портпаролката на Вишиот суд Емилија Стошиќ.

Таа изјави дека рокот за одлучување по жалба е 72 часа од приемот на жалбата со списите.

Градската изборна комисија, додаде Стошиќ, ќе продолжи да постапува согласно одредбите од член 87 став 5 од Законот за локални избори.

Драгана Милутиновиќ, член на правниот тим на коалицијата „Бирамо Ниш“ вчера изјави дека Вишиот суд ги вратил на повторно разгледување до ГИК приговорите што членовите на Градската изборна комисија ги отфрлиле како неразбирливи.

ГИК има рок од 10 дена да ги преиспита приговорите и да одлучи по нив, а опозицијата има законско право на жалба до Вишиот суд и новите одлуки.

Слични содржини