Украинскиот претседател Порошенко ја стави армијата во целосна борбена готовност. Мерката се однесува до борбените единици на исток и околу Крим – поради актуелните тензии со Русија- инфoрмира DW.

Руската амбасада во Киев одамна пустее, дипломатите се избркани, останале само стражарите. Следниот обид да биде испратен нов руски амбасадор штотуку пропадна, бидејќи украинската влада одби да ги прифати акредитивните му писма. И обратно: во Москва исто подолго време веќе нема украински амбасадор. Практично излегува дека двете држави во моментов немаат дипломатски односи – а овие односи формално не биле прекинати.
Во овој дипломатски вакуум песимистите ја гледаат сенката на една претстојна “голема” војна меѓу Русија и Украина. Факт е дека има и сигнали во таа насока: тензиите покрај демаркационата линија во источна Украина од недела во недела стануваат се поостри, а примирјето од Минск веќе важи само на хартијата на која е напишано. Набљудувачите велат дека на фронтот излегува се повеќе тешко оружје. Воени експерти во Русија и од неколку земји во НАТО тврдат дека многубројните руски единици во близина на границата се раздвижени. Се зборува се ту за “преструктуирање”, ту за “офанзива”. Но и двете звучат доволно заканувачки.
Русија бара повод?
Како капак на сето, руските тајни служби ФСБ соопштија дека во спречувањето на украинска терористичка акција во Крим загинале двајца Руси. Рускиот претседател Владимир Путин набрзина констатира дека, штом е така, нема да има повеќе разговори на највисоко ниво за договорите од Минск. Дали пак Русија едноставно не бара повод да нанесе удар?
Та нели и војната на Русија против Грузија токму пред 8 години избувна пак во август. Та нели и тогаш повторно имаше Олимписки игри, кои го одвлекува вниманието на светската јавност. Та нели во моментов целиот западен свет изгледа парализиран – САД се во предизборна борба, а Европејците имаат напад на слабост. Така што: кога, ако не сега – сигурно се прашуваат тврдокорните струи во Кремљ. И даваат волја на насилните чувства. Бидејќи, според нивните великоруски и царски ставови, анексијата на Крим и неофицијалната воена поддршка за сепаратистите во Донбас се само почеток.
Почеток на нешто поголемо?
Овие претпоставки, заедно со интерпретацијата на различни воени заговори и голите факти за борбите во источна Украина, се мешаат во опасен коктел, кој мириса на страв од војна. Една мешавини од кремљската книга за рецептури со отрови, чии испарувања предизвикуваат стрес како во Киев, така и во Брисел. Бидејќи со сегашното ѕвечкање со оружје Путин очигледно сака да ги земе во свои раце сите меѓународни нишки, кои наскоро би требало да се плетенка во некое мирно решавање на идната судбина на Украина. Но руското раководство сигурно ќе ја изгуби својата позиција на силата, ако ризикува да влезе во војна само поради еден сегмент од украинската територија. Бидејќи тогаш Западот позитивно ќе и стави на Русија уште построги санкции, а тоа дополнително ќе и ја ослаби економијата . Значи на прво време Русија може да се задоволи само со ѕвечкање со оружје и со мали провокации.
На 24-ти август Украина ќе слави четвртина век независност од Русија. Очигледно владетелите во Кремљ сакаат да го загорчат празникот на Украинците.