Доаѓањето на кралот Чарлс на британскиот престол ги обнови повиците на политичарите и активистите од поранешните британски колонии на Карибите околу тоа монархот повеќе да не биде шеф на нивната држава и Велика Британија да плаќа репарации за ропството, пренесува Ројтерс.
Премиерот на Јамајка рече дека неговата земја жали за смртта на кралицата Елизабета, додека неговиот колега од Антигва и Барбуда нареди знамињата да бидат на половина копје до погребот на суверенот.
Меѓутоа, постојат сомнежи и незадоволства за тоа каква треба да биде улогата на монархот во 21 век.
Претходно оваа година, некои лидери на Комонвелтот изразија незадоволство на самитот во Руанда поради можното водство на Чарлс над клубот на Комонвелтот од 56 нации од кралицата Елизабета.
Во март, осумдневната турнеја на престолонаследникот Вилијам и неговата сопруга Кетрин на Јамајка, Белизе и Бахамите беше обележана со повици за отштета и извинување за ропството и принудната работа.
-Како што се менува улогата на монархот, очекуваме дека ова може да биде можност да се унапреди разговорот за репарации во нашиот регион, рече претседателот на Националниот комитет за репарации на Бахамите, Ниамби Хал-Кембел.