Доаѓањето на Левандовски предизвика хаос, навивачите полудеа по Полјакот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Роберт Левандовски, новиот напаѓач на Барселона, за првпат дојде во тренинг центарот на каталонскиот тим како играч на овој клуб, а навивачите со нетрпение го следеа.

Барселона беше на турнеја во САД, каде одигра три натпревари – победи со 6:0 против Интер од Мајами, го совлада Реал Мадрид со 1:0, три дена подоцна ремизираше 2:2 против Јувентус и на крајот против Њујорк Ред Булс ја завршија турнејата со победа од 2:0.

Следеше враќање во главниот град на оваа шпанска покраина, каде на 13 август ќе ги заврши подготовките за првиот натпревар од Примера против Рајо Ваљекано.

Враќањето на играчите и првиот тренинг во Каталонија привлече голем број навивачи, а посебно внимание беше посветено на до неодамна напаѓачот на Баерн Минхен, кој по многу перипетии и неизвесности сепак го облече дресот на гигантот од Ноу Камп.

Слични содржини