Доаѓа нова криза? Резервите на злато во Федералната резервна банка во Њујорк паднаa рекордно!

од desk3
93 прегледи

Странски држави и централни банки ги повлекуваатод Федералната резервна банка (ФРБ) на Њујорк своите златни резерви. Едно од најголемите складишта за злато брзо губи довербата на странските клиенти, информира RT.

20150906.addmkzlikl

ФРБ на Њујорк е најважниот од 12-те резервни банки кои влегуваат во Федералниот резервен систем на САД. Не случајно таа се смета за најголемото складиште на злато во светот.

Се претпоставува дека над 90% се наоѓаат во неа скапоцени метали кои припаѓаат на централни банки и странски држави. Според неодамнешните пораки сепак таа строго обезбедувана ризница почнува да се празни.

Според некои информации, од почетокот на 2014 година странски централни банки повлекле од ЦРБ на Њујорк 246 тони злато, при тоа основниот дел паѓа на три европски земји – Германија, Холандија и Австрија.

Објавена не одамна статистика сведочеше дека во јули 2015 година залихите во оваа банка се намалени до 5950 тони – најниско ниво за многу децении.

Холандија најави уште во крајот на ноември 2014 година намера да репатрира значителен дел од својот златен фонд во САД. Станува збор за над 120 тони скапоцени метали, претставувајќи околу 20% од златото на кралството.Холандската влада сега складира повеќе од половина од својот златен фонд (приближно 600 тони) во Федералната резервна банка во Њујорк. Во земјата Холанѓаните држат само околу 10%, а остатокот е во Централните банки на Велика Британија и Канада.

Холанѓаните не се првите кои посакале да ги вратат во земјата своите резерви, бидејќи пред тоа истото го објави и Германија. Само дека враќањето на тоа злато може да не е лесно.

Пред речиси две години аналогно решение презема и Германија, и си побара складирани таму 670 тони. Германските златни резерви се едни од најголемите – 3,3 илјади тони злато. Според овој показател Германците отстапуваат само на САД и на Јапонија. Во монетарна смисла германските резерви одговараат на околу 150 милијарди долари. За споредба: БДП на Германија е 3,5 трилиони долари. Со други зборови ова е импозантна сума во опсегот дури на таков економски гигант како СРГ.

Паралелно со ова Берлин ги побара златните резерви од Франција, во висина од 370 тони. Париз ги испрати златните шипки оперативно и без одолговлекување. Само дшто со САД се појавија проблеми. По една година во Германија примила само 37 тони (5% од барањата). Програмата за репарации на акции е одложена до 2020 година, но со овие темпо природно нема да се вложат во нив.

Федералниот резервна систем на САД се потпира на различни технички тешкотии. Веднаш се појавија различни конспиративни теории дека Америка одамна не поседува ни свое, ни странско злато. Не е можно да се провери дали овие претпоставки се реални. Федералната резервна банка во Њујорк не допушта во своите сефови апсолутно никакви надворешни лица од безбедносни причини.

Сепак зошто земјите во принцип го доверуваат своето злато на странски земји, како на пример Германија испратила зад океанот две третини од своите златни резерви? Причините се неколку. Прво, се смета дека во САД златото се наоѓа во апсолутна безбедност, бидејќи Америка е подготвена да ги преземе основните трошоци на многубројна стража како на своите, така и на странските резерви од скапоцени метали. Истото важи и за Велика Британија, уште еден клучен специјалист по странско злато.

Второ, сегашните услови на глобалниот пазар укажуваат дека за промена на сопствениците на прачките не е задолжително тие да бидат преместени физички. Земјите-купувачи и земјите-продавачи често само разменуваат признаници за преминувањето на едни или други раце. Златото сепак со години останува на истото место.

Се разбира, ова не се однесува за сите држави. Кина, Русија и многу други ги чуваат сами сите златни резерви, бидејќи САД можат под различни изговори да им ги блокираат или присвојат. Членовите на НАТО и нивните сојузници сепак имаат доверба. Зад граница ги држат златните прачки и многу земји од Африка и Латинска Америка поради потенцијалната политичка нестабилност. Впрочем нивните златни резерви се релативно мали.

Одлуката на Холандија и Германија за враќање на значителен дел од златото седвај може да се припише на случајно појавување. Причината е повеќе во длабоките тектонски процеси во светската политика и економија.

На прво место, вредноста на златото е со огромен пораст во последниве години. Пред 10 година унца чинеше на светските пазари 300 долари, сега е 1200 долари, а наскоро цената надминува и 1.500 долари. Независно од флуктуациите на цената, главниот тренд на пораст е долгорочен.

Поскапувањето на златото се објаснува главно со експлозивната побарувачка од новите индустриски земји, а на прво место се Индија и Кина. Во овие земји скапоцени метали се уште се важен инструмент при акумулација и инвестирање. Пак и самите азиски држави активно ги зголемуваат резервите.

Кина за последен пат објавила податоци за своите златни резерви во 2009 година, во висина од 1054 тони. Многумина аналитичари сметаат дека оттогаш овој показател се зголемил неколку пати, што се гледа и од претходната динамика. Недостатокот на информации зборува за неподготвеноста на НР Кина да ги засилува позициите на шпекулантите на златниот пазар.

Во САД одамна е создадена субкултура на “златните бубачки” (gold bugs), која пред сите инвестициски инструменти го преферира златото. Тоа се стотици илјади, ако не и милиони, граѓани, многумина со приходи значително над просекот. “Златните бубачки” се однесуваат крајно скептично кон САД и кон светската економија и затоа како цврста валута признаваат само жолт метал. Развојот на интернет, а со тоа и на можностите да ја пропагираат својата гледна точка, ги зголемува нивните истомисленици постојано. Тоа ги засегна и земјите во развој.

Случајот со Германија има уште еден нијанса. Уако имплицитно се лидери на ЕУ, Германците се принудени да ја преземат врз себе одговорноста за послабите членови на сојузот, кои страдаат со години од криза со долгот. Така на Германија и се наметнува да ги обезбеди Италија, Грција, Шпанија и други Европејци со стабилизациски кредити во една или друга форма. Во овој случај физичкото злато е многу соодветен пример како залог пред ММФ или големи банки.

Покрај желбата на земјите да го држат поблиску до себе највредниот ресурс, многу земји се соочуваат и со внатрешен политички притисок. Радикалните левичарски и десничарски партии често го покренуваат прашањето врз основа на што суверената држава ги држи златните акции зад граница. Така активностите на Холандија и на Германија може да се сметаат како обид да се парира слични напади.

Земји кои поседуваат најголемите златни резерви во светот (официјални податоци):

1. САД – 8133 тони;
2. Германија – 3384 тони;
3. Италија – 2451 тони;
4. Франција – 2435 тони;
5. Русија – 1168 тони.
6. Кина – 1054 тони;
7. Швајцарија – 1040 тони.