369
Според билтенот на МВР, охриѓанец пријавил дека е оштетен и измамен од надлежните во автомат клуб-обложувалница во Охрид.
„С.Д.(53) од Охрид, на 26.12.2020 околу 21.00 часот во СВР Охрид, пријавил дека е оштетен и измамен од надлежните во автомат клуб-обложувалница во Охрид“, соопштуваат од МВР.
Според пријавеното, охриѓанецот добил бонус добивка што требало веднаш да му биде исплатена но, од вработената му било кажано дека, по барање на претпоставените, исплатата била забранета.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.