„Бурек Олимпија“ во Љубљана си обезбеди реклама и популарност на социјалните мрежи со ветување дека ќе ги покрие трошоците за парична казна за човек кој доставува храна, кој беше казнет за јадење на јавно место за време на епидемијата, доколку докаже дека го јадел нивниот популарен бурек со сирење.
„Го бараме познатиот човек за достава на храна кој минатата недела плати казна за конзумирање храна на скалите пред црквата во Љубљана. Имаме намера да го прашаме каде го купил бурекот. Ако се покаже дека е наш бурек, подготвени сме да му помогнеме да ја плати казната“, сподели добро позната љубљанска бурекџилница на социјалните мрежи.
POZOR: Smo probali najti fanta, ki je dobil kazen ker je jedel burek, a žal neuspešno😞. Če je jedel naš burek, naj nas…
Posted by Burek Olimpija on Thursday, November 19, 2020
Случајот со анонимен човек за достава на храна, кој беше казнет со 400 евра затоа што седнал и ја симнал маската за време на јадењето во центарот на Љубљана, за време на пауза за работа, наводно за брзо консумирање на утринскиот оброк, прерасна во социјален настан, но и вистински политички театар, откако сликата за таа сцена стана вирална на социјалните мрежи, а за случајот се дискутираше и во парламентот.
Опозицијата го зеде случајот како илустрација на тврдењата дека некои мерки преземени против коронавирусот биле апсурдни и прекумерни, а казната дискриминирачка, бидејќи некои политичари се појавуваат во јавноста без маски. Од друга страна, полицијата тврди дека казната била законски оправдана затоа што сторителот не носел маска на отворен јавен простор, како што е пропишано.
Премиерот Јанез Јанша честопати истакнува дека атмосферата на недоверба кон потезите на владата за време на пандемијата честопати ја придонесуваат медиумите и социјалните мрежи затоа што тие ставаат под знак прашалник сè, затоа мерката не ја почитуваат околу десет проценти од населението, што го загрозува јавното здравје.