Добиле покана: Зошто Хари и Меган не се појавија на Супер Боул?

од Stefanija Kuzmanovska
374 прегледи

Принцот Хари и Меган Маркл не се појавија на Супер Боул, иако војводата од Сасекс неодамна беше во Лас Вегас на доделувањето на НФЛ наградите.

Се шпекулираше дека парот ќе им се придружи на многуте познати личности кои присуствуваа на најголемиот натпревар во американски фудбал на годината, кој се одржа синоќа во Лас Вегас.

Војводата од Сасекс добил покана за натпреварот, како што пренесува „Мирор“, а „Пејџ 6“ пишува дека Хари и Меган не се појавиле на натпреварот на Супер Боул бидејќи се подготвуваат за патување во Канада за церемонијата на отворањето на „Инвиктус игрите“ кои почнуваат за неколку дена.

Да потсетиме, Хари се појави на NFL Honors во четвртокот вечерта, што исто така се одржа во Лас Вегас. На церемонијата на доделување награди, Хари ја додели престижната награда Walter Payton NFL Man of the Year на Камерон Хејворд од Питсбург Стилерс.

Слични содржини