Руската апликација за пораки Телеграм доби повеќе од 70 милиони нови корисници за време на шестчасовниот прекин на социјалната мрежа Фејсбук, изјави основачот на Телеграм, Павел Дуров, пренесува Радио Слободна Европа.
Фејсбук наведе дека прекинот на работата се должи на погрешна промена во конфигурацијата.
За време на прекинот, околу 3,5 милијарди корисници на Ватсап, Месинџер и Инстаграм не можеа да пристапат до нивните профили.
-Секојдневниот раст на Телеграм ги надмина нормите во однос на обемот и за еден ден примивме повеќе од 70 милиони „бегалци“ од различни платформи, напиша Дуров на својот профил на Телеграм.