Добра првоаприлска шега, вели Мицкоски за барањето на Ковачев за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од ЕНП

од Nikola Popovski
24 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека треба да си гледаме нашиот државен интерес и да не влегуваме во замката на предизборната кампања во Бугарија. Жали што во отсуство на сериозна визија, проекти и стратегија, главна тема во Бугарија е Македонија и македонското прашање.

-Им посакувам успешна кампања и по седми пат да изберат стабилна и политичка влада со која ние како македонска ќе можеме да градиме добрососедски и вистински односи. Тоа и се очекува од добри соседи и затоа постои Добрососедскиот договор, рече Мицкоски од општина Штип, одговарајќи на новинарско прашање со заострената реторика од Софија и критиките кон вицепремиерот Александар Николоски, по повод неговите дадени изјави.

За барањето на европратениците од бугарската ГЕРБ за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија, Мицкоски вели:

-Не е април, но тоа би била добра првоапрлиска шега, посочи премиерот.

За посетата на Брисел и средбата со водечките функционери на ЕУ, Мицкоски информира дека имале корисни средби. Сепак, истакнува дека во изминатите седум години „многу од работите нивните соговорници за прв пат ги слушнале“.

-Таму отидовме подготвени со серозни аргументи и факти. Имавме корисен ручек со Урсула Фон дер Лајен, заедно со останатите лидери од Западен Балкан. Со соговорниците се согласивме дека иднината на Македонија е во рамките на европското семејство, дека како држава и граѓани направивме како ниту една друга држава и народ во процесот на интеграции. Секогаш од нас се бараше нешто кое е резултат на билатерални спорови и нешто што се темели на исполнување на цели и политики. Тоа беа национални отстапки. Еден од лидерите на земјите од ЗБ кажа дека е потребно да се жртвуваме. Ние доживеавме понижување. За нас жртва беше промена на национални симболи и идентитетски обележја. И не им беше срам да го понижуваат народот, рече меѓу другото претседателот на Владата.

Слични содржини