ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО ГЕРМАНИЈА: Платите највисоки од 2008 година

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Во првиот квартал од оваа година бруто-платите на вработените во Германија значително се зголемија. Скокот на платите статистичарите го објаснуваат со големото зголемување на колективните договори и бонусите што работниците ги добивале поради инфлацијата, пишува dpa.

Номиналните плати во првиот квартал се зголемени за 6,4 отсто во однос на истиот период минатата година, објави во средата Федералното биро за статистика. Истовремено, потрошувачките цени пораснале за само 2,5 отсто, додека реалните плати за 3,8 отсто.

Ова е најголем пораст од воведувањето на овој вид статистика во 2008 година.

Номиналните плати се повисоки само во вториот квартал од минатата година.

До 3.000 евра изнесуваа бонусите, односно еднократните плаќања без даноци и придонеси кои ги добивале вработените поради инфлација. Платите на вработените во јавниот сектор и работниците со релативно ниски примања пораснаа над просекот.

Од последниот квартал на 2021 година, инфлацијата во Германија значително ја забрза и ја ослабна куповната моќ на вработените. Реалните плати се значително намалени. Повторно растат од средината на минатата година, бидејќи потрошувачките цени почнаа да се смируваат.

Слични содржини