Добредојдовте на Запад, предрасуди – на Исток

од desk3
108 прегледи

Германците станаа гостопримливи кон странците, покажуваат резултатите од истражувањето. Само што не насекаде – во источните провинции се уште се однесуваат со предрасуди кон дојденците.

0,,17848269_303,00 (1)

 

Демографскиот развој и недостигот на квалификувана работна сила беа во последните години предмет на сериозни дискусии во Германија. Додека пред некое време се тврдеше дека Германија не е имиграциона држава, сега веќе се зборува за потребата од мигранти и за подобрување на условите за нивната интеграција.

Веќе со години бројот на дојденците расте, во последно време се зголемува и отвореноста на локалните луѓе кон нив, покажува анкета, во која учествувале 2000 Германци на возраст над 14 години. Странци се согледане веќе не само како неопходна работна сила, туку и како сожители и сограѓани. Односот кон нив очигледно е променет благодарение на подобрената интеграција и култура.

Долго време во Германија миграцијата се сметаше повеќе за проблем. Страв од премногу странци дека тие го оптоваруваат системот за социјални услуги, дека криминалот во земјата расте – овие теми преовладуваа во дискусиите за миграцијата. Во меѓувреме сепак расположението се смени.

Во споредба со 2012 година, речиси десет проценти повеќе Германци изјавиле дека дојденците се “добредојдени”, истакнува Франко Цота кој е раководител на истражувањето, направено по нарачка на фондација “Бертелсман”. Ова се должи најмногу на фактот дека недостатокот на квалификувани работници и демографските промени се увидени од страна на општеството како проблем, посочува Цота во разговор со Дојче Веле.

Германија е омилената европска држава за имиграција

Близу половина милион мигранти дошле во Германија во 2013 година и останале во земјата. Повеќе мигранти за истото време забележуваат само САД. Германија е преферирана страна за мигрантите од Европа. Секој трет се населил во Баварија, Хесен или Тирингија. Само што не секаде Германците се добро расположени кон дојденците: во источните провинции спрема нив сеуште се шират предрасуди. Според секој втор Германец кој живее во некоја од источните провинции, странците не се “добредојдени”, додека во западните провинции негативен став изразуваат само една третина од учесниците во анкетата.

Франко Цота ја бара причината во ретките контакти на источногерманците со странци. “Близу 96 отсто од имигрантите живеат во западните провинции и едвај четири отсто – во источните. Источногерманците немаат контакт со мигрантите,им недостасува и позитивно искуство од соживотот со нив. Тоа е проблем, бидејќи во среднорочна и долгорочна перспектива источните провинции ќе се повеќе зависни од протокот на мигранти, поради тоа што таму населението се топи побрзо “, објаснува експертот. Ефектот на демографските промени се потценува, истакнува тој.

За да привлекува земјата мигранти и за да е успешна нивната интеграција, властите не смеат да ставаат само услови и барања кон дојденците. Признавањето на странските дипломи и квалификации е пожелно според 80 отсто од анкетираните. Државата треба да им помогне на оние кои сакаат да го доведат во земјата и семејството, а не да им создава бирократски препреки. Темата двојно државјанство исто така влегува во каталогот од можни стимулации, појачувајќи ја миграцијата.