Стариот шармер слави 60 години, но и до ден денес по него секој се врти. Тоа е возило кое ја моторизираше некогашната држава. Производството почна на 18 октомври 1955 година и траеше полни 30 години и 10 месеци-последното Фиќо е произведено на 18 ноември 1985 година.

Речиси милион примероци се направени во Југославија од ова мало количе по лиценца на Фиат.
Во текот на трите децении, од 1955 до 1985 година, произведени се 923 000 примероци, по што е второ најпроизведено возило во бивша Југославија. Застава 101 е направена во околу 1,2 милиони примероци, но воподолг период -од 1971 до 2008 година.