Сериозна ранливост во еден од додатоците за ВордПрес, најпопуларната ЦМС платформа, загрозува над милион сајтови, алармира компанијата за безбедност Сукури. Нејзините експерти откриле опасна дупка во приклучокот „Слимстат“ која им овозможува на хакерите да навлезат во административниот панел и дури да добијат целосна контрола над сајтот, соопшти ТекРадар.