Додека беше претседател на САД, Трамп веруваше дека Украина мора да биде дел од Русија

од Симе Стоиков
209 прегледи

За време на неговиот мандат, поранешниот американски претседател Доналд Трамп „многу јасно стави до знаење“ дека мисли дека Украина „мора да биде дел од Русија“, рече неговата поранешна советничка Фиона Хил во новата книга на американскиот новинар Дејвид Сангер за националната безбедност во услови на постојана закани од Русија и Кина.

„Трамп многу јасно стави до знаење дека мисли, дека Украина и секако Крим, мора да бидат дел од Русија“, рекла Хил, која беше висок директор за европски и руски прашања во Советот за национална безбедност на САД од 2017 година до 2019.

Ова го кажа во книгата на Дејвид Сангер, новинар на Њујорк Тајмс и автор на „Новите студени војни: Подемот на Кина, инвазијата на Русија и борбата на Америка за одбрана на Западот“, објави Гардијан, кој имал пристап до книгата кој ќе биде објавен во вторник во САД.

Таа истакна дека Трамп навистина не можел да разбере дека Украина е независна земја.

Слични содржини