Додека Шакира собира прегледи на Јутјуб, Пике блеска со новата девојка: Никогаш не ја гледал пејачката на овој начин (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
230 прегледи

Со месеци се зборува за разделбата меѓу пејачката и фудбалерот. До тоа дојде откако се појавија информации дека Жерар Пике ја изневерува Шакира со извесна Клара Чиа.

Сега Клара и Пике се појавија заедно во јавноста, а тоа шокираше многумина.

Фудбалерот изгледал никогаш посреќен, цело време се смешкал, а неговата нова девојка се обидувала да се сокрие од папараците.

Да потсетиме, пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике прво ги изненадија сите кога објавија дека се разделуваат по 12 години врска во кои ги добија синовите Милан и Саша, но набрзо се дозна дека главната причина за раскинувањето било неговото неверство.

Врската помеѓу Клара и Пике беше осудена од јавноста, а Шакира набрзо ја објави песната „Music Sessions Vol.53“ во која ги прозва својот поранешен партнер, неговата нова девојка и неговата мајка.

Фото: Europa Press / ContactoPhoto / Profimedia/EPA-EFE/Quique Garcia

Слични содржини