Еден регион во Јужен Кавказ изгледа се подготвува да се приклучи кон Русија. Москва сепак е чудно пасивна и не брза да поттикнува слични чувства. Неопределениот статус и носи повеќе придобивки.
“Треба да ја искористиме оваа историска шанса и да се обединиме повторно со братска Русија, за да се обезбеди на земјата и народот безбедност и благосостојба во наредните векови”, изјави неодамна во Москва Леонид Тибилов, претседател на отцепената од Грузија меѓународно непризнаена Република Јужна Осетија . Откако се консултираше со советникот на Путин, Тибилов најави дека претстои народот на Јужна Осетија да гласа за приклучување кон Русија. Од Кремљ прецизираа дека сепак не станува збор токму за референдум за пристапување, туку за широка интеграција со Русија.
Јужнокавказкиот регион се отцепи од Грузија по распадот на Советскиот Сојуз – исто како и Абхазија. На референдум во 1992 година мнозинството од неговите жители се изјаснија за приклучување кон Русија. Во 2006 година следеше друг референдум на кој мнозинството сепак побара независност. Две години подоцна – во 2008 – Грузија направи обид да ја врати назад областа со петдесетилјадно население, но тој пропадна по интервенцијата на Русија.
Москва ја признава Јужна Осетија за независна држава и великодушно ја помага републиката финансиски. Грузија сега тврди дека еден нов референдум ќе претставувал кршење на меѓународното право. Според Тбилиси, плановите за такво сенароден референдум се дел од руската политика на “ползавец анексија”.
Еден бескрајно нестабилен регион
Рускиот експерт за прашањата на безбедноста во Јужен Кавказ Вадим Муханов смета дека иницијативата за пристапување кон Русија не е на Москва: “Јужна Осетија е бескрајно нестабилна во моментов, работите не се развиваат добро. Затоа јужно-осетинците редовно ќе излегуваат со слични иницијативи”, вели тој. Според него е уште премногу рано да се зборува за референдум за пристапување кон Руската Федерација: “Самите јужно0осетинци се длабоко поделени по ова прашање. Едните сакаат интеграција со Русија, но само ако Јужна Осетија го задржи својот суверенитет. Другите се за брзо пристапување и добивање на специјален статус во рамките на Руската Федерација. Но има и трета група луѓе кои сакаат републиката да се приклучи на Русија, но без да влегува во составот на Руската Федерација.
Темата сигурно го возбудува и Кремљ. Оваа година беше склучен и посебен договор за интеграција. Друга активност од руска страна, сепак, барем засега, не се забележува.
“Москва може да си дозволи да не реагира веднаш на поднесоци, како тој на Леонид Тибилов, туку да чека поповолни времиња”, вели Муханов. Според него има и многу нерешени проблеми кои можат да ги попречат на евентуалните преговори за пристапување кон Русија – на пример прашањето за границите во регионот на Јужна Осетија, кои се уште од времето на Советскиот Сојуз.
Токму граничните спорови стојат во основата на честите конфликти меѓу Јужна Осетија и Грузија. Во август минатата година Тбилиси го обвини јужно-осетискиот водач, а и Москва дека ја префрлиле демаркационата линија. Како резултат на тоа три грузиски населби одеднаш се нашле на територијата на Јужна Осетија. Тогаш грузиското МНР го опиша ова како “провокација од страна на Москва”. Грузија стравува дека на тој начин може да ја изгуби контролата врз дел од нафтоводот Баку-Супса. Во секој случај Москва воопшто не брза со пристапувањето на Јужна Осетија, тврди Муханов. “Кремљ има време на претек”, вели тој.
Русија е свесна за ризиците
На истото мислење е и Андреј Грозин од Рускиот институт за ЗНД. “Од гледна точка на своите интереси, Русија нема основа да е незадоволна од сегашниот статус на Абхазија и Јужна Осетија. Зошто му е тогаш на Кремљ да менува нешто? Таквите мали територијални придобивки не се важни за Русија. Тие не можат да се споредуваат со Крим во воено-стратешки и економски однос “, вели Грозин.
Сеуште не е јасно што ќе одлучи Москва конечно по прашањето за Јужна Осетија. “Не сум дипломат, затоа можам да си го дозволам следниов коментар: Москва воопшто не ги почитува владејачките во Тбилиси. Но прашањето е дали вреди поради Јужна Осетија дополнително да ги влоши односите со Брисел и со Вашингтон?”, вели експертот.


