Годинашната државна награда „Гоце Делчев“ им беше доделена на група научници за заедничкото дело „Македонски дијалектен атлас (од ризницата на картотеката – лексички материјали)“. Меѓу добитниците се професор доктор Веселинка Лаброска, академик и професор доктор Марјан Марковиќ, како и уште четиринаесет автори, меѓу кои и постхумно наградениот профeсор доктор Аритон Поповски.
На свеченоста во Собранието присуствуваше министерката за образование и наука Весна Јаневска, која истакна дека делото претставува значаен придонес за македонската наука и дијалектологија. Таа најави нови закони и зголемени инвестиции во научно-истражувачката дејност, како и досега најголем буџет за наука од 680 милиони денари.
Од име на добитниците, се обрати Веселинка Лаброска, која ја нагласи важноста на тимската работа и зачувувањето на македонскиот јазик како темел на националниот идентитет.