Во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица синоќа беше отворена изложбата на Фестивалот за карикатура и афоризми, кој е посветен на благата еротска тематика на карневалот. Меѓу изложените дела се и оние на наградените, Хенрик Цибула од Полска, добитникот на Златна плакета во категорија карикатура, и Веселин Зидаров од Бугарија, добитник на првата награда во областа афоризам.

c2

Сребрената и бронзената плакета за афоризам ги добија Дејана Сеиловиќ од Србија и Ленче Стојменова од Македонија. Кај карикатуристите, Сребрената плакета ја доби Милан Буковац-Србија, а бронзената плакета Стојан Дечев од Бугарија.

Специјалната награда на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал беше доделена на Тоде Блажевски од Македонија.

На свеченоста беа доделени и наградите за најдобрите, како и повеќе дипломи за особен квалитет на пристигнатите дела.

На меѓународниот фестивал пристигнале околу 300 дела од автори од триесетина земји. Организатор е Домот на култура, а настанот е дел од официјалната карневалска програма.

Слични содржини