Лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски се донирани во Музејот на македонската борба

од Milan1
448 прегледи

Донациите на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски ќе бидат промовирани во НУ Музеј на македонската борба за самостојност на 30 мај (четврток), во 19 часот.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, музејот ги збогатува фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација македонски книжевници, чии дела оставија силен печат врз општествената и културната сцена во втората половина на 20. век.

Анте Поповски (1931, Лазарополе – 2003, Скопје) е македонски книжевник, поет и есеист, публицист, сценарист, продуцент, преведувач, општественик и академик.

Како член на МАНУ и на Светската академија на поезијата на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО), се профилира како еден од афирматорите на македонска книжевна и културна сцена на национално, но и на меѓународно ниво.

Матеја Матевски (1929, Истанбул, Турција – 2018, Скопје) е значајна личност во македонската современа литература и култура, поет на европската лирика, есеист, новинар, преведувач, литературен и театарски критичар. Истакнат општественик и член на МАНУ од 1970 година со значаен придонес во областа на книжевноста и културата на Македонија.

Активностите се дел од годишната програма на музејот за минатата година, реализирани со поддршка на Министерството за култура, известија од НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

Слични содржини