Добрила и Дориан дуо вчеравечер за првпат настапија во Тирана

од Vladimir Zorba

Тиранчаните, сакаат да слушнат нешто кое е ново, оригинално, уметноста да има врска со земјата од каде што доаѓаат вашите артисти. Затоа многу ни остави впечаток настапот на Добрила и Дориан, гледате колку е публиката задоволна. Знаете, ние добро ја познаваме класичната музика, Италија е наш сосед, затоа бараме нешто друго, нешто посебно.После завршување на концертот од Добрила и Дориан дуо, ова беше коментарот на почитуваниот и познат албански композитор, господинот Fatos Qerimaj, долгогодишен професор на музичката академија во Тирана.

Добрила и Дориан дуо вчеравечер за првпат настапија во Тирана и оставија одличен впечаток.Нивната музика се потпира на она што се македонски традиционални мотиви, меѓутоа храбро одат и подалеку од тоа. Ослободувајки се од стапицата да повторуваат традиционални мотиви, Добрила и Дорина се впуштаат во река од импровизации, користејки електроника, лупови и различни стилови, Сето тоа делува хипнотички врз публиката. Концерт беше мирен, медитативен, нежен, дурски лиричен, музиката остави некој талог на филмско чувство меѓу луѓето. Големо изненадување.

Ако направиме мала паралела, нивниот настап потсети на еден брилијантен концерт од Јан Гарбарек и Еберхард Вебер, пред многу години на Скопскиот џез фестивал, меѓутоа само како блага асоцијација.

Директорката на Cloud festival, госпоѓата Едит Пула, веднаш по завршувањето на концерот, напиша коментар со големи комплименти, дека овој концерт е нешто најдобро што се случило годинава на овој фестивал.

Културно информативниот центар во Тирана, изминативе 20 дена имаше шест настани, каде се претставија 70 наши уметници. Во припрема е сликарска изложба која заеднички ке биде подготвена од нашата Национална галерија и нашиот Киц во Тирана.

Слични содржини