Американскиот претседател Доналд Трамп и комедијата за Шерлок Холмс го добија „наградите” за
најлоши филмски остварувања во изминатата година.

„Холмс и Вотсон“, во кој глумати Вил Ферел и Џон Рајли, е најголем „победник”, со освоени четири
Златни малини, вклучувајќи ги и оние за Најлош филм и Најлоши римејк.
Рајли е прогласен за најлош актер во, како што рече творецот на наградата Џон Вилсон,
„беснислена пародија“ на класичната британска детективска приказна.
Златната малина е „награда“ која се доделува за најлошите филмски остварувања, а беше воведена
во 1980 година како спротивност на Оскарот.
Трамп ја освои Златната Малина за најлош актер за „улогата“ во два документарни филма: Смртта
на нацијата и Фаренхајт 11/9 на Мајкл Мур.