Претседателот на СНСД, Милорад Додик, изјави дека Бошњаците попречуваат сè што може да и користи на Република Српска, а најновиот пример за ова е спречувањето на почетокот на работата на новиот граничен премин Градишка, кој сите ќе го користат.
„Што да кажам за сето ова? Дека БиХ не треба да постои? Тоа го кажав илјада пати. Дали треба да кажам дека е невозможно да се напредува во БиХ? Самите гледате. Треба да кажам дека лажат, дека одат во Советот за безбедност и преку нивниот муслимански амбасадор прават што сакаат и ги уништуваат меѓународните односи и надворешната политика на БиХ“, изјави Додик пред новинарите во Приједор.
Тој нагласи дека сè е завршено во врска со новиот граничен премин Градишка и дека Република Српска инвестирала поголем дел од парите во целиот систем.