Лидерот на СНСД, Милорад Додик, денес оцени дека Дејтонскиот договор не го поминал тестот, дека одамна доживеал неуспех и дека бил целосно опустошен од разни интервенции.
„Дејтон беше измама за Србите, кои разбраа дека тоа е меѓународен договор со фиксни одредби што не можат да се менуваат без волјата на сите договорни страни, а една од нив е Република Српска и српскиот народ“, нагласи тој, пренесува Срна.
Додик нагласи дека тоа не се случило така, дека имало сквернавење на меѓународниот договор, а резултатот од тоа е, како што изјави, „по 30 години, БиХ не живее уставен, туку вонуставен живот, дека е расфрлана благодарение на сквернавењето на Дејтон преку наметнување на меѓународни колонизатори, како што беше последниот“.