Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

од Vladimir Zorba
430 прегледи

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека единственото решение за Босна и Херцеговина е или да постигне нов договор или да се раскине.

„Република Српска е во одлична позиција и ние ќе и ги враќаме една по една надлежностите што ни припаѓаат. Република Српска и српскиот народ немаат никаква врска со БиХ. БиХ е несакана и невозможна земја и единственото решение за БиХ е или нов договор или разделување“, нагласи Додик во објавата на Инстаграм.

Според него, клучното што треба да се воведе е дека БиХ нема да може да спроведе ништо додека не биде одобрено од Народното собрание на Република Српска.

Слични содржини