201
Претседателот на РС, Милорад Додик понуди помош за сите места во Федерацијата Босна и Херцеговина кои се загрозени од поплави.
Тој во објава на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, рече дека овој ентитет е целосно на располагање на ФБиХ.
„Ја изразуваме нашата солидарност во овие моменти и нашите тимови за цивилна заштита ќе направат се што е во нивна моќ да им помогнат на загрозените“, додаде Додик.