Додик најави нова кандидатура

од Nikola Popovski
238 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска најавил дека ќе се кандидира за уште еден мандат на чело на ентитетот, пренесува „N1.rs“.

Додик ја објавил својата кандидатура на состанокот на Главниот одбор на Партијата на независни социјалдемократи (СНСД) и рече дека партијата „ја носи силата во себе“ и е „најголемата сила“ на Република Српска, пренесува РТРС.

– Нашите победи мора да започнат денеска и од нас се бара истрајност, а за неуспехот нема оправдување. Мораме да му служиме на народот, рекол Додик.

Тој додал дека Република Српска мора да се грижи Србија секогаш да биде на нејзина страна.

-Одлучноста на Српска и нејзината внатрешна структура никој не треба да ги доведува во прашање и затоа е важно и денес да ги избираме нашите тела за да ги носиме најдобрите одлуки, посочил Додик.

Тој, исто така, навел дека Република Српска не сака да биде нарушувачки фактор во БиХ, која е изградена од два ентитета и три конститутивни нации.

-Тоа е основа за каков било договор во иднина, кажал Додик по состанокот на Главниот одбор на СНСД, пренесе РТРС.

Слични содржини