253
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е еден од најголемите пријатели на Русија кој секогаш е пречекан со почести во Москва, Санкт Петербург и другите руски градови, а датумот на неговата нова посета наскоро ќе биде договорен, изјави рускиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Игор Калабухов.
Тој навел дека во текот на последните години Додик ја посетил Русија повеќе од 20 пати и оти секоја негова посета била внимателно подготвена за да се постигнат нови договори, како и да се реализираат усогласените договори.
„Засега повторно имаме широк спектар на теми за разговор и наскоро ќе се договориме за датумот на новата посета“, изјавил Калабухов за „Срна“.