Додик: Не можат да ме уапсат, ме чуваат добро обучени специјалци

од Milan1
30 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека не би препорачал никому да се обиде да го уапси бидејќи е заштитен од полицијата на Република Српска и добро обучени специјалци.

„Верувам дека не можат да ме уапсат. Според Уставот, ме чува полицијата на Република Српска и добро обучени специјални сили кои неодамна беа наградени на голем меѓународен натпревар во Дубаи“, изјави Додик за швајцарскиот неделник „Велтво“.

Станува збор за специјални сили лојални на Република Српска, кои „веруваат дека прогонот на Милорад Додик како претседател претставува прогон на Република Српска“.

„Затоа не би препорачал никому од Сараево да се обиде. Ќе се браниме“, рече Додик.

Додик оцени дека Западот направил нешто добро во актуелната ситуација во Босна и Херцеговина, а тоа е да се повлече линија меѓу Српска и муслиманите.

„Немаме намера да одиме во другиот субјект и секој таков обид на Федерацијата Босна и Херцеговина кон Република Српска би бил осуден на неуспех“, изјави претседателот на Република Српска.

Тој потсети дека, според Дејтонскиот договор, на вооружените сили на еден ентитет им е забрането да влезат на територијата на друг ентитет, објави Срна.

Слични содржини