Додик: Не смее да се заборави и прости страдањето на Србите во Јасеновац

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска во Јасеновац изјави дека „страдањата на српскиот народ од рацете на хрватскиот усташки режим во Втората светска војна никогаш не можат да се заборави или прости“.

„Србите мора да знаат дека во периодот од 1941 до 1945 година, до април, илјадници и илјадници Срби беа убивани секој ден од хрватскиот усташки режим и дека никогаш не смееме да престанеме да го одбележуваме и паметиме тоа страдање“, рекол Додик, цитиран од Срна.

Додик во манастирот Свети Јован Крстител присуствуваше на литургијата по повод централното празнување на празникот Свети новомаченици од Јасеновац, која ја служеше српскиот патријарх Порфирије.

Српскиот член на Претседателството на БиХ истакна дека Јасеновац е место на вечна тага за Србите кои беа убиени само затоа што му припаѓале на српскиот народ и на православната вера.