446
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека тој не е закана за европската безбедност и дека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок погрешно го информирала американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Додик на платформата Икс (Твитер) изјави дека му е жал што Бербок погрешно го информирала Блинкен, појаснувајќи дека Германија не ги стопирала средствата нему, туку на Република Српска.
„Побаравме да се повлечат што е можно поскоро за да дојдат нови инвеститори“, напиша Додик.