233
СНСД нема да прифати повторени избори. Ова е рушење на Република Српска, изјави лидерот на СНСД, Милорад Додик.
На прес-конференцијата по седницата на Извршниот комитет на СНСД, Додик рече дека општите избори биле легитимни и легални и дека се што се случува сега е манипулација која преку незаконски одлуки треба да произведе одредена поинаква држава.
Тој тврди дека има очигледна поврзаност меѓу членови на ЦИК и претставници на опозицијата.
„Република Српска мора да разбере дека ова е последната точка во борбата за нејзината стабилност“, рече Додик, пренесува РТРС.