Додик: Нема избор на судии во Уставниот суд на БиХ

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Република Српска претходно ги избираше судиите на Уставниот суд на Босна и Херцеговина во добра мера убедена дека е можна правичност во однос на работата на овој суд, рече претседателот на Република Српска, Милорад Додик.

За жал, според Додик, тоа не било случај во последните години.

„Затоа не можеме да ѝ веруваме на таа институција. Тамошните српски судии служеа како украс, а не како конструктивен дел за заштита на Уставот, не само на Србите и Република Српска, туку и на уставните вредности. Тие го злоупотребија тоа до точка дека сè стана бесмислено“, рече Додик во Бања Лука.

Тој посочи дека РС јасно кажала дека двајцата судии од овој ентитет нема да бидат избрани се додека не се регулира новиот состав на Уставниот суд и не му се одземат сите неуставни овластувања и правила што тој ги „стекнал за себе“.

„Овој суд е декадентен“, вели Додик.

Слични содржини