Додик: Нема ништо од руските вакцини за БиХ, не потпишаа договор

од Nikola Popovski
321 прегледи

Претседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик, за време на состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ рекол дека „нема ниту една од 500.000 руски вакцини за Федерацијата на БиХ“. Договорот за набавка на 500.000 дози руска вакцина против коронавирус сè уште не е потпишан со рускиот снабдувач.

На новинарско прашање зошто само неколку вакцини Спутник V пристигнале во Република Српска, а Федерацијата БиХ набавува 500 000 дози, Додик рекол „не гледаш ти очигледно, тие зборуваат за 500 000 дози, но не потпишаа ништо, јас би сакал да беше така, но нема ништо од тоа“.

Вучиќ додал дека ќе биде поцивилизиран од Додик.

„Миле е подосетлив и знае како да одговори брзо отколку јас, ќе се обидам да бидам поцивилизиран и трпелив, бидејќи сметам дека тоа е важно прашање“, изјавил Вучиќ.

Во Белград, Додик се договорил пациентите од Република Српска да можат да се лекуваат во Србија, особено оние со потешка клиничка слика. Тој исто така добил донација од 35 респиратори и 10.000 заштитни маски.

Компанијата Медимпекс од Вогошча, со која беше потпишан договор за набавка на вакцини на 19 март, има рок до полноќ (23 март) да ги достави финализираните договори и потребната документација склучена со рускиот партнер.

Слични содржини