Подготвен сум да поднесам оставка како член на Претседателството на БиХ, но барам да не се избира нов член на Претседателството од српскиот народ – рече членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик на прес -конференцијата во Бања Лука.
Тој посочи дека тоа бил негов предлог порано, а ќе биде и утре, и додаде дека утре е многу важен ден за РС.
– Утре ќе се одржи седница на Националното собрание на Република Српска, на која ќе се манифестира националното единство – рече Додик, пренесува rtrs.
Тој изјави дека наметнатото решение на високиот претставник Валентин Инцко не е во согласност со Уставот и законот.
– Сега имаме хајка на Бошњаци и муслимани кои ги бркаат Србите, што потсетува на грдиот период кога кадија те тужеше и судеше – изјави Додик.
Верува дека ниту еден Србин во Судот и Обвинителството на БиХ нема да прифати да учествува во страшниот прогон и дека ќе се дистанцира од тоа.
– Тоа ќе го покаже целиот трулеж на БиХ над која меѓународната заедница врши насилство – рече Додик.