383
Новоизбраниот претседател на Република Српска, Милорад Додик денеска положи заклетва во Народното собрание на Република Српска. Тој истакна дека е горд на победата и им се заблагодари на граѓаните за поддршката.
Додик исто така наведе дека во наредниот период клучна политика ќе биде борбата за стабилност и мир. Го користам овој ден да ги поканам сите да не прифатат како партнери за прашањата важни за РС, посочи Додик.
Заклетва положија и потпретседателите на РС, Хрватот, Давор Прањиќ и Бошњакот, Ќамил Дураковиќ. Претходно, новоизбраната српска членка во Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, положи заклетва во Парламентот. Цвијановиќ утре ќе положи заклетва и во Претседателството на БиХ, каде избрани се и Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.