Додик: Република Српска не прифаќа санкции за Русија

„Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, е некој што сака да помогне,“ рече Додик и истакна дека не ја прифаќа војната, но и дека никој од БиХ не е вклучен во судирите меѓу Украина и Русија.

од Бети Божиноска
194 прегледи

Претседателот на Република Српска, Мирослав Додик, на панел-дискусијата за иднината на Босна и Херцеговина на Дипломатската академија во Виена дека  ЕУ избрала погрешна политика кога станува збор за украинксо-рускиот судир, пренесува РТРС.

„Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, е некој што сака да помогне,“ рече Додик и истакна дека не ја прифаќа војната, но и дека никој од БиХ не е вклучен во судирите меѓу Украина и Русија.

Тој порача дека РС не прифаќа санкции кон Русија и дека верува оти целите на определени поединци се максималистички како и дека не се гледаат напорите да се одржи мир.

„Европа нема препознатлив европски лидер и секако треба прво да си ги реши сопствените проблеми. Европа што ја гледаме еуфорично не е таква, тие треба прво да си ги решат своите проблеми. Јас не можам да учествувам во тоа. Ние сме дел од Европа, но ние не сме делот што одлучува“, рече Додик.

Очекувањата, како што посочи тој, се дека по 21 март БиХ „ќе престане да биде колонија на меѓународната администрација и дека истиот ден, во согласност со европските стандарди, ќе исчезне лажниот висок претставник и дека странските судии ќе го напуштат Уставниот суд“.

„Владеењто на правото подразбира страните-потписнички да го избираат високиот претставник за да помогне во спроведувањето на одлуките, а го потврдува релевантна резолуција на Советот за безбедност. Лажниот висок претставник Кристијан Шмит носи одлуки за законите, што денеска го нема никаде во светот,“ посочи Додик и нагласи дека РС нема да живее во неуставна БиХ.

Додик истакна дека БиХ се „под принудна управа на нелегален странец и странски судии во Уставниот суд кои носат одлуки надвор од Уставот.“

„Ние сме под управа. Кога ќе го додадете самосвиканиот Совет за спроведување на мирот, јасно ви е зошто сите во БиХ треба да се борат за нејзиниот суверенитет. Ние нема да живееме во неуставна Босна и Херцеговина“, рече Додик.

Тој пораќа дека Република Српска за уставната „Дејтонска БиХ“.

„Ние сме против неуставната и антидејтонска БиХ. Се спротивставуваме на одлуките на нелегалните странци кои не сакаат закони. Тоа треба да го донесат три народи во двата ентитета. Рековме дека нема да живееме во таа неуставна БиХ“, рече Додик.

На панел-дискусијата за иднината на БиХ учествуваат и лидерот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ, и лидерот на СДП, Нермин Никшиќ. Амбасадорот на БиХ во Австрија, Синиша Бенцун, во своето обраќање рече дека целта на средбата е да се испрати јасна порака за патот на БиХ кон ЕУ, имајќи ги предвид нејзините специфичности.

„БиХ е посветена да биде дел од ЕУ и неопходно е да се градат политички одлуки и договори“, рече Бенцун.

Инаку, Дипломатската академија во Виена ја организираше Амбасадата на БиХ во Австрија за актуелната ситуација и атмосфера во БиХ, како и за договорот за низа реформи кои мора да се спроведат со оглед на одлуката за отворање на преговорите за членство во ЕУ.

 

Слични содржини