Додик се спореди со Нетанјаху во интервју за израелски медиум

од Nikola Popovski
33 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик го посети Израел и покрај тоа што по него беше распишана потерница, а за време на посетата дал интервјуа за израелски медиуми. Во еден од разговорите тој се споредил со тамошниот премиер Бенјамин Нетанјаху и рекол дека е инспириран од решителноста што ја покажал Израел.

Во изјава за новинската агенција „JNS“, Додик рекол дека во Ерусалим има многу сличности меѓу неговата земја и Израел, како и меѓу него и израелскиот премиер. Тој во својот одговор до овој медиум повлекол неколку паралели.

„Ги има многу. И двата наши народи се соочуваат со постојани обиди да им го ускратат правото да постојат и сами да одлучуваат. И премиерот Нетанјаху и јас сме цел – не затоа што направивме нешто лошо, туку затоа што нема да попуштиме. Кога не можат да ве победат на изборите, тие се обидуваат да ве отстранат на други начини“, кажал Додик.

Додик оваа недела пристигна во Израел за да присуствува на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот и да изрази солидарност. Пред конференцијата, тој зборувал за „JNS“ за неговата „непоколеблива поддршка за Израел“, која ја нарекол и „земја чија сила, историја и решителност длабоко ја почитува“.

Запрашан за контроверзните закони усвоени од Националното собрание на РС откако Судот на БиХ донесе првостепена осуда против него, Додик рекол: „Нема да се повлечам. Само народот има право да одлучи кој ги води – не странските судии и монтирани судења“.

„Политичкиот суд носи политички пресуди. Со вооружување на судството во Сараево, се обидуваат да го постигнат она што не можат – да го отстранат Милорад Додик од политиката. Нема да се повлечам. Мојот одговор е јасен: одам напред, одам во Израел, одам кај моите пријатели и можам да ги бранам интересите на луѓето што ме избраа“, кажал тој.

Слични содржини