204
Претседателот на РС, Милорад Додик даде интервју за хрватскиот „Национал“, и уште еднаш ја искористи можноста да се закани со отцепување на овој ентитет од државата Босна и Херцеговина.
„Штом РС прогласи независност, 15 земји ќе нè признаат, а Хрватска ќе почека, па потоа ќе нè признае“, изјавил Додик, а интервјуто е објавено на насловната страница на овој хрватски магазин.
„Национал“ го цитира Додик, кој вели дека „нема да бара мислење од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ или претседателот Зоран Милановиќ за отцепување, туку дека Хрватска ќе ја прифати новата реалност и дека најдобро би било за Хрватска да се формира Херцег-Босна“.