Додик: Соработката со НАТО е прифатлива, но членството не

од Берта Китинска
183 прегледи

Соработката со НАТО е прифатлива, но не и членството во тој сојуз, изјави денеска српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

“Нема интеграција во НАТО, тоа е јасна работа! Ние истрајуваме со месеци на ваква приказна, така што оние кои се за членство конечно ќе разберат дека никој нема да дојде од страна и ќе не принуди да го прифатиме тоа”, рече Додик.

Додик посочи, дека сите земји имаат некаква соработка со НАТО.

“Србија, исто така, има некаква форма на соработка. Русија тоа го имаше и порано. Во моментов, таа е замрзната, но може да се очекува дека во иднина ќе има некаква форма на соработка”, рече тој.

Српскиот член на Претседателството на БиХ истакна дека соработката не е спорна, но има интеграции.

„На овој начин, ние потврдивме сè за што порано зборувавме“, нагласи Додик.