Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека не е точно тврдењето на помошникот државен секретар во Канцеларијата за Европа и Евроазија, Карен Донфрид дека раководството на Република Српска сака да ја уништи БиХ, нагласувајќи дека се залага за почитување на Уставот на земјата.
„Да се тврди дека раководството на Република Српска сака да ја уништи БиХ не е толку точно како што е точно дека на средбата со Донфрид, а подоцна и во јавноста, јас во јавноста кажав дека Република Српска го почитува територијалниот интегритет и меѓународниот суверенитет на БиХ, но и Уставот на БиХ на два ентитета и три конститутивни народи“, изјави тој.
Српскиот член на Претседателството на БиХ во видео објава на Твитер изјави дека му е жал што има поинакво толкување на средбата на која присуствувал заедно со Донфрид.